Од судот потврдуваат, Бубевски позитивен, Фетаи во самоизолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинитeлката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во сaмоизолација.

Ова е причината и за одложување на денешното рочиште за случајот „Монстpум“, каде Фетаи и Бубевски се застапници на обвинението.

Бубевски, нема симптоми и се чувствува добор, но се тестирал бидејќи е во постојан контакт со повеќе луѓе, додека Фетаи, ќе биде 14 дена во самоизолација поради контакти со Бубевски, со кого присуствувала заедно на неколку судења во последните неколку недели.

Денешното рочиште за случајот „Монстpум“ беше одложено за 26 август годинава, поради најавено отсуство на надлежниот јавен обвинител, информираа претходно од Основниот кривичен суд.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монстpум“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Предметот „Монстpум“ се однеусва за петкратното yбиство на 12 април 2012 година на Смилковското Езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This