ОД „ТВ НОВА“ РАСПАЛИ ПО СДСМ: Шират невистини, бегаат од јавно соочување со ВМРО-ДПМНЕ, па измислуваат изговори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ бега од јавно соочување со ВМРО-ДПМНЕ на ТВ Нова, медиум кој секогаш им овозможува на сите политички партии простор за да ги искажат своите ставови на различни теми. Потоа им дава лажни информации на одредени портали дека не биле навремено информирани за темите и термините за дебатни емисии.

avtobus-nova7-640x370

 

 

Спротивно на пласираните информациите, редакцијата на ТВ Нова одговори на мејлот испратен од СДСМ во кој се тврди дека не биле информирани на време. Редакцијата на ТВ Нова одговорно тврди дека навремено испратила официјална покана до политички партии со цел истите, доколку сакаат, да испратат свои претставници за да дебатираат на различни теми, меѓу другите и на опозициската СДСМ. И официјално, но и неофицијално преку телефонски разговори постојано беа поканувани и пред да бидат закажани изборите, пред да започне предизборната кампања, секогаш со цел сите политички партии да бидат застапени на нашите дебатни емисии.sdsm-mail-1-640x355sdsm-odgovor

-Вратите на ТВ Нова се отворени за сите политички партии кои сакаат да дебатираат. Поради тоа што на поканите упатени до неколку официјални мејлови на СДСМ, на кои ретко беше одговарано, и тоа со образложение дека, поради обврските, нивните претставници не се во можност да учествуваат на дебатите бидејќи попладне и во текот на вечерните часови, поточно од 20.30 до 22 часот, терминот предвиден за дебатни емисии, биле зафатени со обврски кои се однесуваат на предизборната кампања, редакцијата закажа термини наутро и попладне за да можат да присуствуваат. На нивно инсистирање, неколку пати им беа испратени мејлови со измените кои ги направивме за да им се овозможат и термини кои би можеле да им одговараат, велат од телевизијата.

sdsm-termini-640x477

ТВ Нова останува отворена и сите политички актери и претставници на политички партии имаат шанса и се добредојдени да ги презентираат своите програми и ставови на повеќе теми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This