Од утре алертна жолта фаза во Македонија – доаѓа леден бран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза.

stud_1ytj56uj56uj56uj56u5-30035

Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години, остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион – Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).
За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза, се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли напитоци.

За населението во целата држава се препорачува без неопходна потреба да не излегуваат од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напитоци и да се избегнува консумација на алкохол, а воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This