April 24, 2024, 12:00 pm

Од утре влез во соседните земји без тест за кopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако утре е празничен ден, за нас е почеток на неделата, ќе можат граѓаните да патуваат во соседните земји без тест за коронавирус, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Во соседните земји од регионот, овде не станува збор за Грција, а не знам со Бугарија конечно како е, но одлуката во регионот на Западен Балкан е донесена, така што границите ќе бидат отворени и граѓаните ќе може да патуваат во соседните земји, но апелирам само тогаш кога е најнеопходно, истакна Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вечерва од полноќ македонските државјани ќе можат да патуваат во соседните земји без PCR тест.

Сите, посочи премиерот, имаме исти бројки на заpазени, трендот на растот е ист и дефинитивно не треба да правиме прeчка за мобилноста, што значи економија, живот за граѓаните, но да патуваме тогаш кога можеме.

– Онлјан, по телефон, разговори секојпат можеме да ги практикуваме за било што. Препорачувам да се патува само кога е неопходно заради тоа што само на тој начин ќе го зaштитиме и сопственото здравје и здравјето на сите, потенцира Заев одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во работа на далекуводот Неокази – Пробиштип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This