April 20, 2024, 10:08 am

Од утре граѓаните добиваат назад 15% од ДДВ на фискалните сметки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметките до вредност од 30 илјади денари треба да се скенираат со мобилен телефон со помош на апликацијата МојДДВ која се симнува од веб страницата на УЈП.

Оние кои немаат паметен телефон или не знаат да ракуваат со него може да повикаат мобилен даночен шалтер, да ги скенираат сметките на некој од 10-те специјални киосци поставени во регионалните дирекции, да искористат еден од бројните мобилни телефони на шалтерите на УЈП низ државата, или едноставно да побараат помош од некој од 80-те ангажирани волонтери.

Утре стартува повратот на ДДВ за граѓаните, преку кој четиричлено семејство ќе може да го надополни својот годишен семеен буџет за најмногу 28.800 денари.
Граѓаните од утре не треба да ги собираат фискалните сметки, туку секаде каде што пазаруваат да ги земат или да ги побараат ако трговците не им ги дале и со својот паметен мобилен телефон веднаш или најдоцна во рок од 10 дена да ги скенираат бар-кодовите од нив. За да можат да скенираат, претходно треба да ја симнат апликација МојДДВ од веб страницата на Управата за јавни приходи.

Од УЈП информираат дека се осмислени начини оваа операција да ја извршат и оние кои немаат мобилни телефони, како и оние кои не се снаоѓаат добро со технологијата. Директорката на Управата, Сања Лукаревска, вели дека оние кои не можат самите да си ги скенираат сметките може да се обратат во одделенијата на УЈП, да искористат некој од бројните мобилни телефони кои им стојат на располагање таму, операцијата да ја завршат на некој од десетте поставени специјални киосци за таа намена во регионалните канцеларии, да побараат помош од некој од 80-те ангажирани волонтери или да повикаат мобилен даночен шалтер.
Поврат на предвидените 15 проценти од ДДВ искажан на фискалната сметка можат да добијат лица со наполнети најмалку 15 години, кои се веќе регистрирани во системот е-даноци на УЈП, или допрва ќе се регистрираат, имаат важечка лична карта и активна трансакциска сметка.

Бидејќи овој проект наречен „Мој данок, моја заштеда!“ почнува од средината на годината, првото враќање на парите ќе биде до крајот на годината, а веќе од следната година повратот ќе се врши на секои три месеци. Поврат се врши само за поединечни сметки до најмногу 30.000 денари, а парите УЈП ги префрлува на трансакциската сметка на граѓанинот по службена должност, без тој да поднесува барање и во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
Највисока основица за пресметување на ДДВ за враќање за едно календарско тримесечје е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари. Врз основа на овој лимит, највисокиот износ за поврат на дел од ДДВ за едно лице за три месеци изнесува 1.800 денари, а најмалиот 50 денари, додека ако сумата е помала од 50 денари исплатата се пренесува на следното тримесечје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This