April 26, 2024, 11:06 pm

Од утре кинеската вакцина Синофарм во вакцинацијата во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре во Србија ќе почне вакцинацијата против ковид-19 со кинеската вакцина, откако вчера во Белград пристигнаа милион дози. Во септември, директорот на кинеската компанија „Кинеска национална биотек група (ЦНБГ)“изјавиза агенцијата Ројтерс дека Србија и Пакистан се согласиле да учествуваат во третата фаза на тестирањето на нивната вакцина. Во Србија ќе се тестираат две вакцини развиени во единиците на ЦНБГ во Вухан и Пекинг.

Според директорот на компанијата Џанг Јунтао, третата фаза од тестирањето ќе вклучи 50.000 луѓе во 10 земји, а се очекува нарачка од околу 500 милиони дози од повеќе земји во светот.

Тој тогаш кажа дека се очекува наскоро со оваа вакцина да се вакцинираат вработените во кинеските амбасади и конзулати во светот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера при приемот на вакцините кажа дека тој во наредните седум дена ќе се вакцинира со кинеската вакцина, за да покаже дека таа е безбедна.

Во Србија веќе се врши вакцинација на населението против ковид-19 со вакцините на „Фaјзер/Бионтек“ и руската „Спутник“. Вучиќ најави дека утре ќе пристигнат нови 19.500 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ а во вторник уште 250.000 од „Спутник“.

Вакцинацијата во Србија почна на 24 декември со вакцините на „Фајзер/Бионтек“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This