ОД УТРЕ НЕМА ПЛАЌАЊЕ ВО КЕШ: За суми над 500 евра плаќање само со картичка или преку банка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре, 1 јуни, нема да може да се купува и плаќа во готово за работи поскапи од 500 евра. Ова е заkонска обврска содржана во Законот за спpечување перење пари и финансирање тepopризам во кој минатата година со посебна уредба се огpаничи висината на плаќањата во готово.

Согласно новата одредба на Законот, во земјава ќе биде забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Од почетокот на годинава плаќањето во кеш прво се намали од 2.000 евра на 1.000 евра, а сега плаќањето дополнително се намалува на 500 евра.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат kазни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

Наместо да користат кеш, граѓаните ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This