ОД ЧИСТАЧКА ДО МИНИСТЕР, ЖИВИ ЛУЃЕ ЈАДАТ: Безобразието на СДС нема крај, неосновано бркаат луѓе од работа додека се на боледување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отказ за време на боледување. Правдата ќе ја бара на суд. Довчерашната директорка на Археолошки музеј и раководител на секторот за стручни работи, Весела Честоева верува дека ваквата одлука на новата Влада е класичен политички ревашизам и покрај нејзината елоквентност.

Честоева вели дека при рутинска контрола кај медицинско лице разбрала дека не и е платено здравственото осигурување, со што се посомневала оти е отстранета од позицијата раководител на секторот за стручни работи. Потоа од Агенцијата за вработување и потврдиле дека веќе е одјавена од работното место, но не добила решение за отказ.

„Ова се случи вон сите законски норми, додека сум на боледување. Ваквата одлука за мене претставува класичен политички реваншизам и елиминација на политичките неистомисленици. Бев првиот директор на Археолошкиот музеј и ја основав таа институција што за мене е гордост. Од самото отворање, музејот го имаат посетено над половина милион посетители, меѓу кои голем број странци, изложени се над 8000 артефакти, организиравме безброј настани. Во 2015-та година аплициравме за наградата ЕМА, каде археолошкиот музеј зазема 7 место во рамки на Европа, што е доказ дека влогот на државата бил исплатлив“, изјави Честоева.

Додаде дека новиот министер Роберт Алаѓозовски два пати испратил трудова инспекција по нејзиниот избор за раководител на скеторот за стручни работи, иако изборот бил спроведен законски.

„Засновав работен однос на 8-ми јуни како раководител на секторот, согласно законот, со потврда од антикопрупциска, со распишан оглас и транспарентна постапка. Откако истече мојот мандат за директор, конкурирав за раководител. Потоа повикана  трудова инспеција којашто констатираше дека нема никаков проблем за реализација на тоа вработување. Незадоволен од тоа новиот министер Алаѓозовски пушти зајакната инспеција повторно. Сега тие се повикуваат на записник дека сум одјавена од трудова инспекција што не е доказ и следи решение врз оносва на тој записник кој не го исчекаа. Се работи за ласичен политички реваншизам со оглед на тоа што сум поранешен пратеник, меѓутоа професионалец во својот дел – археолог по професија. Ќе го барам моето право на суд, постапката не е засконска“, заклучи Честоева.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This