ОД ШТО СЕ ПЛAШИ СДСМ: Не престануваат нaпaдитe и „омpaзата“ кон Мизрахи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат нападите кон министерката, Рашела Мизрахи, денес тоа го направи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Откако тоа претходно го направија редица перјаници на СДСМ, на ред дојде и Димитров. Имено на министерот Димитров, му смета што министерката Мизрахи ја променила таблата во министерството каде се користи старото име на државата.

Димитров побара од техничкиот премиер, Оливер Спасовски, да ја разреши Мизрахи, бидејќи како што кажа, таа го кршела Уставот, без притоа да провери колку пати тој и владата во која е министер го прекшиле истиот.

Но на што се должи оваа „омраза“ и континуирани напади кон министерката Мизрахи?

Дали и Никола Димитров се приклучува во нападите како и перјаниците на СДСМ кои континуирано ја напаѓаат Мизрахи, шират говор на омраза кон неа бидејќи е Еврејка или пак позади овие напади се крие нешто друго?

Само за мало потсетување, СДСМ и Димитров на власт дојдоа токму со кршење на Уставот на кој тој се повикува! Како може во еден момент за него Уставот да важи, а во друг истиот да го прекршува?

Но на ваквите напади кон министерката Мизрахи остануваат глуви и од СДСМ, нема оградување од нивна страна, а најмалку санкционирање или пак разрешување на своите партиски послушници кои шират говор на омраза и ја навредуваат министерката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This