Од 1 октомври недела станува неработен ден, предвидени се исклучоци за неколку дејности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 1 октомври недела станува неработен ден за сите, соопшти премиерот Зоран Заев по денешната владина седница. Усвоени се измените во законите за работни односи и за трговски друштва и тие ќе бидат испратени до Собранието.

Посебна грижа, рече Заев, се водело за работниците каде што не е можен прекин на техничко технолошкиот процес. На овие работници ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во друг ден од неделата.

Ова беше приоритет на нашата програма, направена со синдикатите и работодавачите. Недела ќе стане ден за одмор и со ова ја поддржуаме грижата и поддршката за работниците. Со ова, ќе се создаде рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот. Работничката и работникот ќе бидат поефикасни и помотивирани, но и ќе имаат приватен живот, за партнерски заедници, за пријателите“, рече Заев.

За секое непочитување на законите, ќе следуваат санкции – забрана за вршење дејност или прекршочен налог.

Со предлог законот се предвидени следните исклучоци за кои се предлага да се дозволи да работат во недела и на празник:

-специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;

-продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун;

-продавниците, киосците и штандовите во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 10.000 м2;

-штандовите и киосците каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела и;

-продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалаци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата.

Министерот Бектеши истакна дека со Предлог-законот за трговија, предвидено е додатокот на плата за работа во недела и на празници кој работодавачот (трговците) ќе треба да им го исплати на вработените да изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа.

Исто така за трговските субјекти кои ќе работат во недела и на празници се утврдува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, средства кои ќе се инвестираат во детски градинки согласно закон.

Законското решение недела–ден на неделен одмор станува реалност. Ова законско решение започнува со имплементација од 1 октомври оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This