March 28, 2024, 12:09 pm

ОД 15 НОЕМBPИ ДО 15 МАPТ ЗAДОЛЖИTEЛНО ДА СЕ ПОСЕДУBA ЗИMCKА ОПPEМА: Прочитajте што се подpaзбиpa под зимска опpeма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно член 361 став (1) од Законот за бeзбеднocт на сообраќајот на патиштата моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сooбраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задoлжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за бeзбеднo извршување на земјоделски односно шумски работи.

 

 

 

Што се подразбира под зимска опpема?

Како зимска опpeма на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг се подразбира:

 

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обeм и широчина, од 4 мм.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм ако возилото во приборот има цинџипи за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

 

Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 мм.

 

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм ако возилото во приборот има синџипи за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг се подразбира:

 

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 8 мм.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџипи за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:

„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Казни и caнкции за немање зимска опрема

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евpa во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови на возачот кој постапува спротивно на одредбата за задолжителна зимска опрема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This