April 20, 2024, 12:07 pm

ОЖАЛОСТЕН ТАТКО УПОРНО МУ ЅВОНИ НА ИCЧEЗHAТИОТ СИН: Иако синот го нема веќе пет години тој упорно го врти неговиот телефонски број!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ли Ержу, земјоделец од руралната област Хандан во Кина, секоја сабота го повикува истиот телефонски број, иако тој е одамна исклучен.

Станува збор за бројот на неговиот син кој бил меѓу 239-те патници во малезискиот авион МХ-370 што иcчезна пред пет години и досега не е пронајден, што претставува една од најголемите авионски мистерии во историјата.

„Не ми е грижа кој е на другата страна. На синот секогаш имам да му кажам неколку зборови“, вели 60-годишниот селанец за својот седмичен ритуал.

Неговиот син, Ли Јанлин, кој работел во Малезија за кинескиот телекомуникациски гигант ЗТЕ, имал 30 години кога авионот на летот Куала Лумпур – Пекинг, исчезна на 8 март 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This