Озил го покани Ердоган за кум, Германците гневни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил, одлучи да „рипне во тавче“, а покана за неговата свадба доби и човекот поради кој претрпува големи критики, турскиот претседател Таип Ердоган.

Ова предизвика револт кај Германците, но сепак она што најмногу ги изреволтира е следниот чекор на Озел – сака Ердоган да биде негов кум! Оваа вест ја пренесе реномираниот германски „Билд“ кој важи за доверлив извор.

Ако нивните информации се покажат како точни и тоа навистина случи без соменвање Озил ќе биде на уште посилна мета на критики од германската јавност поради таквиот потег.

Чем Оздемир, германски политичар не го спори правото на Месут Озил да избере кум по сопствена желба, но потенцираше дека како познат спортист и голем фудбалер тој треба да биде пример за младите.

„Секако Озил има право по сопствена желба да си избере кум и тоа е негов приватен избор во кој не може никој да се меша. Но, ако промовира луѓе кои се богатат на сметка на својата земја и неправдно испраќаат неистомисленици зад рештеки во земја во која луѓето исчезнуваат, мислам дека тоа не доликува на фудбалер и спортист кој треба да биде пример за младите“, објаснува Оздемир.

Озил и девојката Амина во петокот се сретнаа со турскиот претседател и лично му доставија покана за свадбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This