ОЛИВЕР БИЛ ДРУГАР СО ТЕПАЧОТ НА ЕЛВИС БАЈРАМ: Тепачите на Елвис Бајрам на слобода во друштво на Заев и на Оливер Спасовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Насилниците кои крвнички го претепаа екс градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам, во екот на изборната кампања се уште се на слобода. Не само што тие се на слобода туку и се фотографираат со целиот државен врв

Еден од напаѓачите кои набрзо од своите сограѓани и очевидци беше препознаен како учесник во обидот за убиство на Елвис Бајрам, е на слобода и се фотографира со министерот за внатрешни Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев. Очигледно сеуште важи онаа старата поговорка ако сакаш нешто да сокриеш, сокриј го на место каде што ќе го гледаат сите. Па така напаѓачот на Елвис Бајрам се слика со првиот човек на полицијата во Македонија, пишува порталот Денешен.мк.

Пукнатиот череп на Елвис Бајрам за жал не беше изолиран инцидент за овој изборен циклус. Оливер Спасовски не само што не успеа да ги пронајде напаѓачите на Елвис Бајрам, тој не го разреши ни убиството на носителот на независната листа во Кичево, ниту пак разреши некоја од низата изборни нерегуларности, поткуп, закани и следење на кандидатите на опозицијата и од активисти на СДСМ.

-Елвис Бајрам и голем број очевидци на немилиот настан во кој на кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам му беа нанесени тешки телесни повреди на главата ги препознаа своите напаѓачи. Во мало населено место како што е Шуто Оризари и граѓаните сите се познаваат меѓусебе препознавањето на напаѓачите се случи за многу кратко време. Еден од напаѓачите беше препознат како активист на СДСМ кој во текот на целата кампања за локалните избори работел на терен за избор на Курто Дудуш за градоначалник на општина Шуто Оризари. Полицијата досега идентификуваните напаѓачи ги нема повикано ниту на информативен разговор, а камо ли да ги спроведе пред лицето на правдата за физичкиот напад на кандидат за градоначалник во екот на предизборната кампања, пишуива Денешен.Неразрешувањето на голем број вакви насилства предизвикани од активисти на СДСМ од страна на министерот за внатрешни Оливер Спасовски отвара сомнеж дека највисоките структури на партијата стојат позади ваквите инциденти и се директно или индиректно вмешани во овие немили настани.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This