ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Денес имам помала доверба во СЈО од времето кога се борев оваа институција да биде формирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот Спасовски денес има помала доверба во СЈО од времето кога се борел да биде формирана оваа институција. За бегството на екс премиерот Груевски на брифинг со новинарите рече дека МВР постапило според своите надлежности но не можел да дејствува поинаку се додека за некое лице не е распишана национална и меѓународна потерница. За овој случај вели не може да изнесе повеќе информации но е на став дека има многу отворени прашања за кои ќе дојде време да бидат затворени.

„Во институцијата верувам многу помалку од периодот кога се борев да биде формирана. Довербата е намалена, а за тоа има повеќе причини. Една од тие е и слуачјот со Груевски.  “

Спасовски лично не е задоволен од последните одлуки за укинување на мерките притвор, но вели МВР има законски надлежности од кои не смее да отстапува, без разлика дали министерот се согласува со дел од ваквите одлуки или не. Во тој контекст ја прочита наредбата на судот за укинување на притворот на бизнисменот Јордан Камчев.

„На МВР му се определува надзорот на кукќниот притвор на осомничениот. СВР Скопје и ПС Карпош во определен временски интервал ќе го проверат неговото присуство и за секое не наоѓање на лицето се должни да пријават во Суд. “

На новогодишниот брифин Спасовски најави два крупни проекти изградба на нова зграда со лабораторија за крим техника и и центарот за странци во Гази баба кој како што вели сега е во многу лоша состојба. Следната година ќе започне изработка на законска регулатива заедно со стручната јавност и новинарите за  ветинг процесот со кој ќе се врши проверка на  личното досие на вработените во полицијата . Процесот ќе ги опфати сите  од чистачка до министер. Дали го стекнале соодветното образование, како се вработени и како напредувале, но ќе се следи имотната состојба и колку престапи направил, како и дали некој истовремено е полицаец и сопственик на кафеана или камион.

Спасовски најави инвестиција од 80 милиони денари  за реконструкција на полициски станици, набавка на возила за СВР скопје, одделот за обезбедување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This