ОЛИВЕР СПАСОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА: ОО на СДСМ Куманово го кандидираше министерот за внатрешни работи за претседател на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е единствен кандидат на општинската организација на СДСМ Куманово за претседател на Македонија.

„Општинската организација на СДСМ Куманово, како најголема општинска организација во партијата, а воедно и матична општинска организација на Оливер Спасовски, со одлука на извршниот одбор
едногласно донесе одлука нашиот партиски другар Оливер Спасовски да биде единствен кандидат за претседател на Република Македонија на престојните претседателски избори. Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово,“-изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.

Спасовски добил едногласна поддрша и од сопартијците во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, a во Кратово имало 5 кандидати.

Предлозите се доставени до централата, по што во координација на највисокиот партиски врв ќе се разгледаат сите пристигнати предлози, а по одлука на централниот одбор, изборот за кандидат за претседател на Македонија од СДСМ ќе се изврши на партискиот конгрес во недела на 3 март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This