ОЛИВЕР СПАСОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ: Зоран Заев и Али Ахмети се согласиле Спасовски да биде консензуалниот кандидат!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според владини извори, денес во вечерните часови, одржана е средба Заев и Ахмети. Главната тема на разговор бил заедничкиот кандидат за претседател на државата, при што Заев инсистирал тоа да биде министерот Оливер Спасовски, како негов човек од доверба. Ахмети не одбил, но кажал дека има некои услови чие исполнување би му помогнало да ги убеди сопартијците во Мала Речица да дадат поддршка за Оливер, пренесува порталот „Магазин.мк“

Според порталот, Зоран Заев го предложил Спасовски како човек од доверба на што Ахмети не одбил но имал неколку услови кои барал да бидат исполнети и ставени „црно на бело“ со цел да се гарантира нивно исполнување.

Првиот меѓу условите било дека ако тие го поддржат сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во 2024 година да добијат гаранција дека на претседателската фотеља ќе седне Албанец.

Втор меѓу условите било, ако Спасовски стане врховен командант на армијата, началникот на Генералштабот да биде Албанец од редовите на ДУИ. За ова Заев рекол дека ќе биде исполнето, а ако треба ќе го парафираат и во договор.

Третото барање на Ахмети било поставување на Албанец за шеф на Народната Банка на Р.Македонија. Имено, Ахмети барал на шефовската позиција во НБРМ да биде поставен екс-министерот за економија и евроинтеграции Фатмир Бесими, наместо сегашната гувернерка која неодамна беше избрана Анита Бежовска.

За гувернерската позиција но и за условот во 2024 година да биде избран кандидат Албанец за претседател на државата Заев не дал конкретни гаранции, со оправдување дека за ова ќе треба да се дискутира на Централниот комитет на партијата.

Што се однесува до шансите, најголеми изгледи за кандидатско место засега има токму Оливер Спасовски, додека останатите – Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, најверојатно ќе отпаднат од внатрепартиската трка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This