ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ОД ТИРАНА: Земјите од Западен Балкан одлучија иднина да ја градат во ЕУ и НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјите од Западен Балкан одлучија својата иднина да ја градат во рамките на Европската унија и НАТО. Интеграцијата на овие земји отвора перспективи и можности за надминување на политички конфронтации во регионот и создавање стабилно, безбедносно опкружување, кое ќе обезбеди економски раст и развој.

Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тирана, каде учествуваше на Меѓународната конференција посветена на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

Говорејќи за значењето на билатералната, но и регионалната соработка, министерот Спасовски нагласи дека Република Македонија е активна и постојана членка на меѓународни асоцијации и организации како безбедносно разузнавачки клубови СЕЕИК (Конференција на разузнавачки служби на ЈИЕ) и МЕК (Средноевропска конференција) и активно партиципира во размената на податоци од безбедносен интерес за прашања кои ја засегаат европската безбедност.

-Во континуитет соработуваме и со меѓународни организации и институции ЦТИ (Контратерористичка иницијатива) Еуропол, Интерпол, Селек, ОБСЕ и се пренесуваат најдобрите практики од европските земји кои имаат исклучително значење во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, истакна Спасовски.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This