ОЛИГАРХИЈАТА ГО ЗЕМА И КАТАСТАР: Директорот на македонскиот катастар кои работеше за граѓаните заменет за претставник на олигархијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните во Македонија се навикнаа во изминатите години од државната Агенција за катастар на недвижности да добиваат професионална услуга и нивните проблеми навремено и стручно да бидат решавани. Долгогодишниот директор на Агенцијата Славче Трпевски направи голем број на суштински реформи кои директно или индерктно им ја олеснија работата на службениците како и граѓаните. Дополнително со подршката која ја имаше од парламентарното мнозинство се донесоа голем број на законски решенија кои одеа во прилог на граѓаните, но и во прилог на професионализација на институцијата.

Законот за градежно земјиште донесе голем број на позитивни законски решенија како на пример премерот, легализацијата и уредувањето. Веројатно за граѓаните најзначајна беше можноста која овој закон им ја даде, за легализизација на својот дом. Три години по донесувањето на законот повеќе од 100 илјади објекти беа легализирани и уште поголем број на граѓани успеа да си го решат своето животно прашање за дом кој не е во опасност да биде демолиран од надлежните институции. Дополнително директорот Славче Трпевски го модернизираше катастарот и спроведе целосна дигитализација во институцијата и целосно електронско поврзување со надлежните институции. Со електронското поврзување на надлежните институции со Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се  забрза и се поедностави постапката за користење на податоците од Катастарот која  овозможи посигурен начин на доставување на пријавите и правните основи за запишување во Катастарот. Најголема придобивка од ваквата комуникација, секако имаат граѓаните кои досега од шалтерот на една институција со прибавените документи се упатуваа на шалтерот на Катастарот и губеа драгоцено време. Дигитализацијата на Катастарот од страна на Славче Трпевски доведе до успешно спроведување на проектот Електронски катастар на цела територија на Република Македонија со кој граѓаните со еден клик имаат пристап до сите урбанистички планови на територија на цела Македонија. Електронскиот шалтер дополнително им го олесни животот на граѓаните со скратувањет на бирократските процедури и шалтерските лавиринти.

Од друга страна владата на СДСМ за прв човек на Агенцијата за катастар на недвижности го доведе Борис Тунџев. Борис Тунџев е поранешен прв човек на Комората на трговци-поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија. Тој како прв човек на Комората остро реагираше на законските измени во 2014 година кои тој ги оцени како штетни за геодетската фела. Тој поради лукративни причини активно се противеше на позитивните законски измени и наместо да ги штити интересите на граѓаните тој го штитеше профитот на геодетите.

Овој човек е сега прв човек на Агенцијата, по ијзавите на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски дека законот за легализација е катастрофален и дека значително ги намалил профитите на општините повеќе од извесно е укинувањето на легализацијата на дивоградби. Со ,,социјалдемократи’’ чија крајна цел е збогатување на буџетите на општините, полнење на џебовите на олигарсите блиски до нив очигледно е дека интересите на граѓаните ќе бидат на последно место. Борис Тунџев како и владата на СДСМ веројатно зад зборот ,,реформи’’ повторно ќе ја скрива девалвацијата на иституциите кои во изминатиот период имаа огромен напредок и професонализација како Агенцијата за катастар на недвижности.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This