ОМД:Македонските власти да ги прекинат сите преговори и разговори за промена на името.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поддржува кампањата #Нашето Име Е Македонија на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и се придружува кон барањето македонските власти да ги прекинат сите преговори и разговори за промена на името.

ОМД, како што соопшти, ги повикува Обединетите нации, Европската унија, Северноатлантската алијанса и оние држави кои се уште тоа не го направиле, официјално да донесат одлука за целосно дипломатско признавање на Македонија под името „Република Македонија“.– Вкупно 137 држави веќе го признаа вистинското име на Македонија, што е околу две третини од бројот на држави во Генералното собрание на ОН. Меѓу тие држави се и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност. Според владеењето на меѓународното право, не постои случај некоја влада да поседува таква моќ или авторитет за да определува какво име ќе има една независна и суверена држава, наведува ОМД.
Според ОМД, Македонија е единствената нација во светот која не може во Обединетите нации да го користи своето име.
– Како што е утврдено и од страна на Комитетот за човекови права на ОН, меѓународното дипломатско признавање на државата Македонија под името „Република Македонија“ е неопходно, законско и задолжително, стои во соопштението од Обединетата македонска дијаспора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This