March 29, 2024, 11:26 am

ОМД: Пописот е многу повеќе од обид за етничка доминација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од една деценија, пописот во Република Македонија е оспорен поради дневно-политички и меѓу-партиски цели, која што пракса неопходно е да се замени со редовен, реален и регуларен попис на населението – тврди ОМД.

Предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства и презентирање на нивниот единствен матичен број, како компромисно решение за одлуката пописот сепак да содржи графа за етничка припадност, според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е обид за интервенција во статистичката операција која првенствено служи за креирање на интерни политики и развојни стратегии на една земја. За ОМД, не само што начинот на регистрација на иселеникот преку изјава на член од семејство се противи на законот за заштита на лични податоци и законот за попис на населението и домаќинствата во Република Македонија, туку начинот на попишување на дијаспората воедно претставува обид за интервенција во демографската слика на земјата, што воедно е непозната меѓународна пракса.

Во време кога промената на името на Република Македонија го предизвика најголемото разочарување помеѓу дијаспората од македонска етничка припадност, поради што истите негодуваат да ги обноват своите документи или влезат во регистерот на Република (*) Македонија, предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства, според ОМД би можело да резултира со нереална и манипулативна демографска слика на земјата. Предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства, според ОМД е во прилог на сите други етнички припадности во дијаспората кои бележат помал сентимент во врска со промената на името, освен македонската.

Согласно, ОМД апелира до владината коалиција, опозиција, граѓански сектор, жители на Република Македонија и нејзината дијаспора, да се придржуваат до меѓународните практики во спроведување на пописот регулиран со законот за попис на населението и домаќинствата во земјата, единствено во интерес на нејзината реална демографска состојба која има за цел да послужи во креирањето на интерните политики и развојни стратегии.

Повеќе од една деценија, пописот во Република Македонија е оспорен поради дневно-политички и меѓу-партиски цели, која што пракса неопходно е да се замени со редовен, реален и регуларен попис на населението – тврди ОМД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This