Омикрон се поблиску до Македонија, веќе регистрирани два случаи на Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Омикрон сојот официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација е потврдена од Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.

Првите случаи на заразени со сојот омикрон коронавирус се регистрирани и во Црна Гора.
Заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

-Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми – се вели во соопштението од институтот.

Едно лице заразено со новиот вид на коронавирусот пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт бил во авион со лице со потврден омикрон сој, соопшти институтот, додавајќи дека црногорскиот државјанин не бил вакциниран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This