Омилен десерт на Јелена Ѓоковиќ: Без брашно и јајца!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена е поборник на здрава исхрана, а сега го поделила рецептот за нејзиниот омилен десерт.
Состојки:
200 г какао путер
2 лажици кокосово масло
150 г какао во прав
3 лажици јаворов сируп
малку сол
Состојки за слојот од бело чоколадо:
100 г какао путер
1 лажица кокосово масло
3 лажици јаворов сируп
1 лажица лецитин
Подготовка:истопете ги какао путерот и маслото па додајте ги останатите состојки. Добиената смеса поделете ја на два дела, па во еден додајте неколку лажици кокосово или млеко од бадеми. Убаво измешајте.
За слојот од бело чоколадо истопете ги путерот и маслото, додајте ги преостанатите состојки и се’ убаво измешајте. Сега имате три чинии со три различни „теста“. Оставете ги да се изладат и малку стегнат.Потоа во калапи за мафини ставајте по една лажица од секое „тесто“, да се измешаат како на сликата.Оставете 30. минути во замрзнувач, послужете и уживајте.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This