Оние кои пpeлежале ковид-19 ќе примаат само една доза од вакцината, одлучи словенската Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Словенија, оние кои преживеале ковид-19 ќе се вакцинираат само со една доза на вакцина, соопшти денеска Владата.

Координаторот на Владата за вакцинација, Јелко Кацин, денес објасни дека за оние кои преживеале ковид-19, „се смета како прва доза на вакцината“, објави Хина.

Кацин рече дека Словенија ќе добие 282.819 дози вакцини овој месец, претежно Астразенека – 153.369, што веќе се користи за вакцинирање на вработените во училиштата и градинките оваа недела.

Бидејќи персоналот има мал интерес за имунизација – некаде дури помалку од 50 проценти од вработените, Кацин предупреди дека затоа невакцинираните лица можеби ќе треба да се тестираат секој ден.

Во претходните 24 часа, во Словенија се потврдени нови 952 случаи на инфекција од 6.017 тестирани примероци, заедно со четворица мртви пациенти од „ковида-19“, објави Владата, која вечерва повторно ќе донесе одлука за анти-епидемиски мерки. Бидејќи нема намалување на бројот на заразени, не се очекува да се олабават никакви мерки, пренесува Бета.

Досега, 3.908 лица починаа од последиците од „ковид-19“ во Словенија, а 485 пациенти со „кливид“ денес се во болниците. 150.144 од 2.000.000 жители биле вакцинирани, а 63.908 ги примиле двете дози на вакцината, соопшти Министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This