ОНЛАЈН НАСТАВА И ОД СЕПТЕМВРИ: Адеми изјави дека наставата за далечинско учење е возможно да продолжи и од септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за образование, Арбер Адеми вели дека наставата за далечинско учење е возможно да продолжи и од септември, доколку не стивне ситуацијата со Ковид-19, пренесува Алсат.

Тој додаде дека сепак министерството сè уште не подготвило стратегија за ова прашање и дека плановите и предвидувањата за новата школска и академска година ќе започнат непосредно по завршувањето на учебната година на 10 јуни.

-Ако околностите се исти, можеме да се соочиме со истите мерки, што значи учење преку интернет. Сепак, не сакам да прејудицирам, затоа што можеме да бидеме поинаку организирани во образовните институции, да се држи растојанието, да ги почитуваме препораките на здравствените власти и да не го доведуваме во прашање традиционалниот конвенционален начин на организирање на образовниот процес, вели Адеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This