ОНЛАЈН ТЕСТ:Проверете колку години има вашето срце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното здравство во Англија ги охрабрува луѓето над 30 години да направат онлајн-тест за да откријат колку години има нивното срце, а тестот укажува дали се изложени на зголемен ри зик од сpцев или мозочен удаp.

Тие предупредуваат дека околу 80 отсто од срцевите и мозочните удари кај луѓето под 75 години може да се спречат ако се подобри здравјето на срцето.

Нездравиот начин на живот ги става во pизик од предвремена смpт четворица од пет возрасни. Луѓето треба да се откажат од пушењето, да јадат здрава храна и доволно да вежбаат.

Тестот не е дијагностички, нема да ви каже дали ќе имате сpцев удар, но може да биде повик за будење за да направите корисни промени.
Дебелината, лошата исхрана, недостигот на вежбање и високиот крвен притисок се значајни ризични фактори што можат да бидат променети.

Речиси 2 милиона луѓе го направиле тестот и на 78 отсто од учесниците срцето им било постаро од нивната реална возраст, што ги зголемува ризиците од рана смpт. Од нив повеќе од 34 отсто имале срце 5 години постаро од нивната реална возраст, а 14 отсто речиси 10 години постаро.

Тестот поставува 16 едноставни прашања за животниот стил и физичката активност, како и предвидување за ризикот од срцев или мозочен удар на одредена возраст.
Исто така, тестот дава предлози за промена на животниот стил за да им помогне на луѓето да ја намалат возраста на нивното срце.

– По една година од откажувањето од цигарите ризикот за појава на срцеви заболувања е околу половина отколку кај пушачите.

– Држењето до препорачаната доза неделно вежбање (најмалку 150 минути на умерено аеробно вежбање), како што е возење велосипед или брзо одење, го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

– Внесувањето поголема количина овошје и зеленчук, од три порции дневно на повеќе од пет, може да го намали ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар.

Тестот можете да го направите ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This