ОН: Нajгoлeмo пocкaпyвaњe нa хpaнaтa нa глoбaлнo нивo вo пocлeднитe 10 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Податоците на Обединетите нации покажуваат дека глобалните цени на храната се зголемиле за 39,7 проценти во мај, што е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ги следи цените на различните видови храна, вклучувајќи житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќери.

Сите пет компоненти на индексот пораснале поттикнати од зголемувањето на цените на растителните масла, житарките и шеќерот. Индексот на тој начин скокна на највисокото вкупно ниво од септември 2011 година.

Зголемените трошоци се резултат на зголемената побарувачка во некои земји и застојот во производството.

Нарушувањата на пазарот и снабдувањето, како резултат на ограничувањата на движењето поради пандемијата, влијаеа на локалниот недостиг и зголемувањето на цените, а експертите предупредуваат дека големата побарувачка и ниското производство ќе доведат до зголемување на инфлацијата, бидејќи економиите излегуваат од блокадите.

Сепак, некои индустрии би можеле силно да закрепнат. ФАО предвидува дека овогодинешното производство на жито ќе биде на рекордно високо ниво, што може да помогне во олеснување на притисокот врз растот на цените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This