ОПАСНА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА: Африканска свинска чума се појавила во Унгарија, државата врши еутаназија на животните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарското министерство за земјоделие објави предупредување поради појава на т.н. африканска свиснска чума, каде започнала еутаназија на заразените животни

Африканската свинска чума е вирусна болест кај свињите која не е опасна за луѓето ниту за други животни. Болеста обично се пренесува меѓу свињите преку контакт со заразено животно, најчесто преку плунката.

Болеста минатата недела се појавила кај диви свињи на северот на Унгарија на границата со Словачка. Унгарија веднаш, во согласност со правилата на ЕУ, забранила трговија со свињи во зоната на заразата додека не се искорени болеста и не се спречи нејзино ширење. Еутаназијата на свињите во Унгарија се спроведува во круг од десет километри од заразената фарма.

Ветеринарската инспекција на Министерството за земјоделство спроведува засилени контроли на држење на свињи во затворени простории за да се спречи контакт со дивите свињи.

Јутарњи лист

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This