ОПАСНОСТ ОД ПАНДЕМИЈА: Бразил се бори со најлошата епидемија на жолта треска до сега!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бразил се бори со една од најлошите епидемии на жолта треска досега, вирус кој неретко е фатален, а го пренесуваат комарците и е именуван жолта треска бидејќи кожата и очите на инфицираните пожолтува.

Епидемијата во најголем дел се шири во руралните средини, стравот се зголемува од натамошно проширување бидејќи граѓаните не се вакцинираат и постои опасност на проширување во големите повеќе милионски градови.

Владата на Бразил има задача да вакцинира милиони што е можно побрзо, а дозите на вакцините ќе бидат намалени поради недоволниот број особено во големите градови како Сао Паоло и Рио. Според министерството за здравство на Бразил дури и намалените дози на вакцини се доволни да ги заштитат граѓаните повеќе од осум години.

Епидемијата предизвикува паника во урбаните центри на Бразил. Граѓаните со асови чекаат да примат вакцина, а голем дел од залихите на државата се крадени поради паниката. Сао Паоло има драматичен скок во случаите на жолта треска. Само во првите шест недели од 2018 година има 133 потврдени случаи на жолта треска и 49 смртни случаи, стравичен скок од 2017 година каде во текот на целата година имало 53 случаи на жолта треска.и само 16 смртни случаи. Рио пак има 47 случаи на жолта треска и 21 смртен случај во 2018 додека во текот на целата претходна година имало само 27 случаи на жолта треска од кој 9 со фатални последици.

Миграцијата на жолта треска на југ, отсекогаш била набљудувана и не е изненадување за специјалистите. Но, брзината со која патува е нешто ново. Како што вирусот се шири и се движи кон области кои генерално не се загрозени од жолта треска, владината кампања за вакцинација се бори да го спречи ширењето.

Дури и со вакцинирање, целта на Министерството за здравство за вакцинирање на 20,5 милиони луѓе во Сао Паоло и Рио од 25 јануари до 15 февруари достигна само 20% од целното население.

Но, некои луѓе избираат да се откажат од вакцинацијата, убедени дека вакцината е поголема закана од вистинскиот вирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This