ОПАЃА НИВОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Нивото секојдневно опаѓа ,според последните мерења се наоѓа на 16 сантиметри до минималната кота!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат осцилациите на Охридското езеро. Нивото секојдневно опаѓа ,според последните мерења се наоѓа на 16 сантиметри до минималната кота.

Повлекувањето на водата остави суви големи површини од езерското дно.Слична ваква ситуација имаше и минатата година во октомври кога езерото се спушти под минимумот, а потоа во наредните месеци се зголеми за околу 80 сантиметри и предизвика поплавувања на крајбрежјето.

Од граѓанската инцијатива Охрид СОС апелираат Електрани на Македонија да ги затвори испустите на Црн Дрим кај Струга .Тие велат дека водата во Охридското езеро е значително намалена .Во каналот има влезено поголема количина на плашица, која може да угине поради недостаток на кислород.

Екологистите велат дека Охридското Езеро природно осцилира,но зачестени се големите разлики како резултат на климатските промени и несоодветниот начин на регулирање на истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим.Испарувањето на езерото во овој период од годината може негативно да се одрази врз растителниот свет и рибниот фонд.

Добрите познавачи во повеќе наврати посочуваа дека отпусните дрвени талпи се несоодветен регулаторен режим и треба да се заменат со нов посовремен систем.

Инаку испустот на Охридското Езеро се регулира согласно заклучоците од симпозиумот за овој природен воден ресурс одржан во далечната 1971 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This