ОПОЗИЦИСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПРИЗНАА: Ги загубивме изборите во декември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И меѓу опозициските експерти веќе нема дилема. Изборите на 11 декември ќе донесат нов пораз за Зоран Заев и СДСМ. Дел од нив, вчера во емисијата Топ Тема на Телма не го криеја скептицизмот дека целата акција на СДСМ не ја чека фијаско оваа зима. Според нив, големи промени на 11 декември не може да се случат, пренесува Пресс24.

debata-telma


Како главна причина за тоа, новинарите кои важат за блиски до опозицијата велат дека е нивниот неуспех да ги променат ставовите на граѓаните. Според нив, за тоа не се криви новинарите, туку граѓаните кои биле уплашени и кои не сакале да поверуваат во она што новинарите блиски до опозицијата им го сервираат.

Дел од причините за поразот кој опозицијата ја чека на 11 декември, според експертите е и атмосферата која владее на Бихаќка. Пазарењата околу пратеничките места, инсталирањето на шарените револуционери во политиката и несразмерните апетити на коалиционите партнери со Заев со нивната политичка тежина се главни причини за тоа.

Гостите во студиото на Телма заклучија дека ВМРО-ДПМНЕ има комотна позиција пред изборите, а анкетите покажуваат значителна предност пред СДСМ.

Нок-даун во првата рунда

Дека опозицијата е среде првиот нок-даун уште на почетокот на предизборниот меч говори и уредникот на соросовиот Плусинфо, Геровски кој апелира до опозиционерите да го сменат план, бидејќи како што вели, вака не оди.

„Е, тој „некој друг“, очигледно не знае дека избори не се добиваат со викање „ура“ и со караници по портали и на Фејсбук, туку со умно сетирање на политичката агенда, со фокусирање на најважните теми и со артикулирани настапи во јавноста. Морам да кажам дека во тој поглед, овој веќе тешко ранет и прилично подизгубен, Груевски и неговата камарила сè уште се подосетливи и поуспешни од опозициските јуришници. Крајно време е тоа да се смени. Грев е да губиме кога сме попаметни и кога вистината е на наша страна.“ – напиша Геровски во последната колумна.

СДСМ ја води кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

На помалку од 80 дена пред изборите опозицијата води интензивна но слаба кампања. Експертите велат дека опозиционерите се однесуваат како неискусен атлетичар на долги стази кој вложува максимални напори да го следи пејс мејкерот. За разлика од нив, власта остава простор недостатокот на капацитет на СДСМ да излезе на површина и во последниот круг да вложи дополнителен напор и без проблеми да избие прва на целта.

Дека е така потврдуваат и случувањата на политичката сцена во изминатите 20 дена. Освен 4 навистина големи проекти од областа на спортот, ВМРО-ДПМНЕ не инсистираше на голем простор во медиумите. Во истиот период, само 2 функционери се појавија на партиската говорница и тоа во теми кои практично беа плод на неспособноста на опозициската ПР стратегија.

За разлика до ВМРО-ДПМНЕ функционерите на СДСМ инсистираат на интензивна теренска кампања, но без посериозни проекти и понуда до граѓаните. Проблемот го направи самиот лидер Заев со несмасната изјава за двојазичноста со што значително ги поткопа позициите на неговата партија. Капак стави Јанева со сопствената неспособност и интервјуто за МРТВ. За клинците на капакот се погрижи цело СДСМ со скандалозното однесување во Собранието, суфлирањето, недоличното дофрлање и натчовечки напори да се одбрани она, што едноставно не може да се брани.

Изборите во декември реприза на изборите во 2014та

Аналитичарите кои работат на сондажа на јавното мислење уверуваат дека изборите на 11 декември нема да донесат апсолутно никакви промени. СДСМ се уште е светлосни години далеку од можноста да се надева на резултат кој ќе биде близу барем до оној од 2011 година кога партијата на чело со Бранко Црвенковски се доближи до ВМРО-ДПМНЕ на „само“ 70.000 гласа разлика. Според нив, речи си извесно е дека во декември, ќе видиме реприза на она што се случуваше на изборите во 2014 година.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This