ОПОЗИЦИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА ПРОТИВ ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО: Шефот на словенската опозиција најави дека тие нема да гласаат за влез во Македонија во НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Нема да бидеме дел од оние кои гласаат како што ќе им нареди Америка – ние ќе гласаме по сопствена совест!“ – со овие зборови лидерот на словенечката десница, Змаго Јелинчич Племенити, им се обрати на присутните на вонредната седница на словенечкиот парламент, посветен на прашањето за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО пактот

Тој остро го критикуваше шефот на словенечката дипломатија, Миро Церар, обивнувајќи го дека седницата за пристапување на Македонија во воената алијанса ја иницирал „по наредба и диктат на Америка“.

„Додека нам од Италија ни се закануваат со ревизија н меѓудржавната граница и одземање на словенечка Истра господинот Церар и неговите соработниците нас не тераат да се занимаваме со потполно неважни работи како што е членство на некаква Северна Македонија во НАТО“, изрично критикува Јелинчиќ.

Тој потсетува дека граѓаните на Македонија на референдум јасно кажале дека не сакаат влез во НАТО и ЕУ. „Македонците одбија евроатлантска интеграција и порачаа дкеа не го прифаќаат однадвор наметнатит договор со Грција. Луѓето се свесни дека промената на називот на државта е постепено исчезнување на Мкаедонија од политичката мапа на Балканот“, рекол Јелинчиќ.

Претседателот на Националната партија на Словенија ги повика бриселските политичари, нарекувајќи ги лицемери и извршители на геостртешките интереси на САД. „Додека нас не повикувате на почитување на европските вредности на демократија, Европската унија истите тие вредности ги користи да ја гази Македонија и се сава во служба на насилно ширење на НАТО на Балканот“, нагласува Јелинчиќ.

„Нам совеста ни говори да ја почитуваме вољата на македонскиот народ и да не поддржиме влез на Македонија во НАТО со новот име!“, заклучил Јелинчиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This