Опозицијата ги пoкажа зaбитe: Мицкоски не дозволува пpoмена на учебниците по истopија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никакво менување учебниците, а притисокот од страна нека го прават во Бугарија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за неделникот „Фокус“ при што истакна дека не може во 21 век, историјата да ни биде пречка за иднината.

– Очекувам целосна дипломатска офанзива од ЕУ врз Бугарија, затоа што ако се фокусираат врз македонските политичари, нема да има успех. Ние нема да го дозволиме тоа во Парламентот и ќе бидеме против каква било нова промена во учебниците, рече Мицкоски.

Тој посочи дека не очекува дека Македонија ќе се раздели од Албанија.

– Има земји членки што нема да го дозволат тоа. Замислете каков парадокс доживеавме. Ако пред три години, ние критикувавме што бевме ставени во група со Албанија, сега не сакаме да се отпуштиме по ниту една цена. Еве до каде нѐ дотераа. Срам, понижување, буквално распродавање на сето она што со години е градено, потенцира Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев, Димитров и останатите од власта не покажаа зрелост во преговорите. На овие луѓе им се брзаше и ги пренесоа „жедни преку вода“.

– Денеска секој преку грбот на Македонија се обидува да си ги реши своите историски проблеми. Ние сме денес исправени пред невозможна мисија. Историјата да ни е критериум за влез во ЕУ. Ние во 21 век треба да бараме решенија за проблеми од 19 век. Тоа не е нормално. Ама, тоа е сѐ заслуга на овој брзоплет политичар, изјави Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This