ОПОЗИЦИЈАТА ИМА ЕДНА ЦЕЛ: Целта на опозицијата е рушење на оваа ненародна, анационална власт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ е поцврста од било кога, на нозе сме, рамо до рамо заедно со народот и цврсто чекориме кон својата цел изјави вечерва претседателот на партијата Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата „Јади Бурек“, додавајќи дека целта на опозицијата е рушење на оваа ненародна, анационална власт.

-Јасно ја гледам таа крајна цел. Тоа го покажуваат и анкетите. Тоа го покажуваат и средбите со граѓаните на терен, дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на нозе повторно и дека ВМРО-ДПМНЕ граби кон вистинската траекторија и тоа е до конечно рушење на оваа ненародна и анационална власт која што во моментов за жал на Македонија и на граѓаните на Македонија ја води владата. Но, тој пат повторно ќе кажам ниту ќе биде лесен, ниту брз, ниту едноставен, вели Мицкоски.

На прашањето- зошто ВМРО-ДПМНЕ не делува порадикално во овие тешки моменти за државата, лидерот на опозицијата потенцира дека по патот треба да се чекори мудро, анализирајќи го секој чекор.

Според Мицкоски, радикализацијата на опозицијата оди во прилог на сите оние на кои не му мислат добро на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека опозицијата тоа го антиципирала како можен ризик и одлучила тоа да го превенира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This