March 29, 2024, 11:55 am

ОПОЗИЦИЈАТА ИМА ПЛАН: Државата ќе биде на брза лента за интеграција во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Слободен печат изјави дека за неколку месец од сега ќе завршат понижувањата, омаловажувањата од страна на Заев и СДСМ врз граѓаните.

Историски тежок, пеколен за нашите сограѓани, за нашата држава е темниот пат кој што претпоставувам на неколку месеци од сега ќе се заврши а тоа е патот кон интеграција во НАТО Алијансата, со многу откажувања, со многу омаловажувања, понижувања, со трета година Зоран Заев и СДСМ. Навистина тежок, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека како партија има план и стратегија се со цел брза интеграција на Република Македонија во европското семејство.

Но, оној другиот ќе биде уште потежок затоа што ќе има многу предизвици до конечната цел а таа е полно правно членство на нашата држава во рамките на ЕУ. Но, подготвени сме и не треба да се обесхрабруваат граѓаните, сите оние што мислат дека Македонија не може да успее, тие се жртви на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев и јас ги уверувам дека имаме план имаме стратегија,знаеме како и ќе се обврземе пред граѓаните да ја ставиме државата на брза лента и таа да биде еден ден дел од европското семејство, појасни Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This