Општина Аеродром се претвори во паркиралиште за цистерните на Заев – обвинуваат граѓаните на социјалните мрежи, откако нивните платени паркинг места веќе со месеци се узурпирани од неколку цистерни и камиони на фирмата „Тритерол“ која се поврзува со кланот Заеви
Аеродромци се револтирани и бараат од градоначалникот Марин итно да превземе мерки за отстранување на цистерните кои ги узурпираат паркинг местата кои тие ги имаат платено.
„Аеродром претворен во паркиралиште за цистерните и камионите на Зоран Заев. Златко Марине засрамисе !“ – пишуваат жителите на Аеродром на ФБ страницата „Аеродром во моето срце“.