ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ДАЛА ДОЗВОЛА ЗА ПРАВЕЊЕ СУНЕТ ВО УЧИЛИШТЕ: Со документ, организаторите на сунетот во ОУ „Крсте Мисирков“ докажаа дека градоначалникот им дал дозвола!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верски обред и приватна прослава во основното Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба. Ден по прославата, екпата на телевизија Алфа повторно отиде до училиштето каде вчера беше набркана од организаторите на сунет и прослава.

Сега беа поприемчиви – извадија документ со потпис на градоначалникот Борче Георгиевски за кој велат дека е дозвола за одржување на ваков вид на настани. Организаторите на прославата велат дека се чисти, дозвола си добиле и затоа таму го прославиле сунетот, а по завршување на прославата си го исчистиле и училишниот двор, објави Алфа телевизија.

Кон телевизиската екипа вчера биле упатени низа закани и навреди.

Од Министерството за образование се уште молк, иако поминаа 24 часа од одржувањето на прославата, надлежното министерство изглеа не го регистрирало ваквиот настан со потпис од градоначалникот кој дозволува приватни прослави во дворовите на образовните институции.

Ова не е прв пат во образовна институција да се извршува верски обред или приватна прослава. Пред само два месеца, во основно училште во Радовиш кое исто така го носи името на Крсте Петков Мисирков во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан, Оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This