ОПШТИНА КАРПОШ, ДЕПОНИЈА: Диви депонии никнуваат во општина Карпош, Шилегов и Богоев со прст не мрдаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред локалните избори во програмата на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев едно од ветувањата беше токму редовно чистење на депониите во оваа општина. Обврзување за нивно чистење може да се прочита во програмата „План за живот во Карпош“ во делот „Чиста вода и чист воздух- здравје за сите“.

На само помалку од пет километри од центарот на Скопје, непосредно до најголемата спортска сала во Македонија, Арената Борис Трајковски, во Општина Карпош граѓаните секојдневно гледаат огромна дива депонија.

Пред локалните избори во програмата на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев едно од ветувањата беше токму редовно чистење на депониите во оваа општина. Обврзување за нивно чистење може да се прочита во програмата „План за живот во Карпош“ во делот „Чиста вода и чист воздух- здравје за сите“.

-Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти, гласи една од точките на тогаш кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Карпош, Стефан Богоев.

Сосема истото ветување како и во програмата на Богоев, во својата програма „Живот во Скопје! За сите“ го има и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти, е истото ветување и во програмата на тогаш кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Иако, ова се ветувањата и на двајцата градоначалници, сепак ситуацијата не е таква кави што тие ветија во своите програми. Дива депонија седи неисчистена во близина на центарот на Скопје, непосредно до Арената Борис Трајковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This