Општина Карпош: Зголемено присуство на полицијата и пајак-службите за претстојниот „Црн петок“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на најавениот „Црн петок“ (Black Friday) во „Сити мол“, Општина Карпош презема конкретни мерки за спречување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

„Овој популарен шопинг настан е сериозен проблем за сообраќајот и паркирањето во овој дел на Карпош. За оваа цел општината побара поголемо присуство на сообраќајната полиција и пајак-службите за да се спречи сообраќајниот хаос што постојано се случува на овој потег“, велат од Општината.

Исто така, велат од таму, службите на шопинг центарот дополнително ќе ги насочуваат возилата на вториот влез на улица Љубљанска, кој е неодамна отворен, и на третиот влез на улица Манапо.

„Општина Карпош апелира до сите граѓани, сопственици на моторни возила да ги почитуваат сообраќајните правила и насоките дадени од надлежните служби. Паркирањето на возилата на зелените површини или на тротоарите ќе биде строго санкционирано“, велат од Општина Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This