April 26, 2024, 11:01 am

ОПШТИНА ОХРИД ВОВЕДЕ МOPAТОРИУМ НА ГРАДБИ, НЕФИ БЕШЕ ОТСУТЕН: Советот на општина Охрид изгласа времен пpeкин за донесување и спроведување на урбанистички планови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советниците на Градскиот совет во Општина Охрид на денешната седница донесоа одлука за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови со што се постапува по Заклучоците од 146. седница на Владата за прогласување мопатопиум на градежните активности, пренесува СДК.МК

За Предлог-одлуката гласаа 20 советници од вкупно 23 колку што брои Советот. Двајца советници биле воздржани, а еден бил отсутен.

Владата на 23 јули донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорача на општините од регионот, Охрид и Струга, да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

Владата тогаш им препорача на општините Охрид и Струга да изготват и акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This