Општина Центар вoвeдyвa eднoнacoчeн cooбpaќaeн peжим нa адвокатската улица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје ќе започнат со теренски активности за поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим на ул. Св. Климент Охридски – позната како „Адвокатска улица“.

Во текот на денешниот ден, Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје ќе започнат со теренски активности за поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим на ул. Св. Климент Охридски – позната како „Адвокатска улица“.

Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот во овој дел на територијата на Општина Центар, еднонасочниот сообраќаен режим ќе биде воспоставен во правец на движење од страна на бул. Крсте Петков Мисирков кон ул. Филип Втори Македонски.

Овие теренски активности се изведуваат во согласност со Проектот за смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста – зона ООУ „Св. Кирил и Медотиј“ во Општина Центар, каде што минатата година беше поставена мерка за смирување на сообраќајот, односно, подигнато пешачко плато пред општинското основно училиште.

Со поставување на нови сообраќајни знаци во овој дел на Центар ќе се овозможи регулирање и намалување на сообраќајот, како и зголемена безбедност за сите учесниците во сообраќајот, особено за учениците од локалното училиште.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни во текот на денешниот ден додека се изведуваат теренските активности, а понатаму да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This