Општина Центар oтcтpaнyвa yштe двe дивoгpaдби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Центар од вчера почна со отстранување на уште една дивоградба, доградба на прво и надградба на второ поткровје на постоечки објект од втора категорија, на улица „Рајко Жинзифов”, спроти Градежниот факултет во Скопје.

-Откако сопственикот/инвеститорот по решение издадено од Општината не ја отстранил незаконски изградената градба, Општина Центар пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците за отстранувањето на градбата во целост паѓаат на товар на сопственикот, се вели во соопштението од Општина Центар.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатите денови отстрани една незаконски изградена тераса во приземје на улица „Наум Наумовски-Борче” во Дебар Маало и незаконски поставени паркинг блокатори на улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин”.

Привршува акцијата на Општина Центар за отстранување на нелегално поставени или изградени објекти, со која беа опфатени 18 незаконски градби на територија на општината. Со ова, како што се наведува, се реализира ветувањето на градоначалникот Саша Богдановиќ дека нема да толерира дивоградби на територијата на општината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This