Опaснoст од нoвa пaндeмиjа? Пoчинa 12-гoдишнo мoмчe од Индиja од виpyс пocмртoноcен од Кoвид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

12-годишно момче од Индија починало од Нипах, редок вирус кој е посмртоносен од коронавирусот.

Здравствените власти долго време се плашеа дека вирусот би можел да предизвика глобална пандемија слична на актуелната со Ковид-19.

Неименуваното момче починало во саботата во болница во градот Керала, на југоистокот од Индија, пренесува „Њујорк Пост“.

Момчето пред смртта било во уште две болници и било во контакт со неколку стотици луѓе, а 11 покажуваат потенцијални симптоми на Нипах.

Претходните жаришта на Нипах, или скратено „NiV“, покажаа дека смртноста од овој вирус е помеѓу 40 и 75 отсто, според податоците на СЗО, што го прави неспоредливо посмртоносен од Ковид-19.

„Вирусот започна да се шири од човек на човек за време на претходните жаришта, предизвикувајќи загриженост дека „NiV“ би можело да предизвика глобална пандемија“, велат од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Повеќе од 100 можни контакти со момчето морале да се изолираат, а 48 лица лежат во болница каде се следи нивната состојба.

Вирусот Нипах е откриен во Малезија и Сингапур во 1999 година, кога во текот на избивање на жариште беа заразени околу 300 лица, а починаа повеќе од 100, соопштуваат од „ЦДЦ“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This