ОРБАН:Македонија не може да биде стабилна без партијата на Груевски, стабилноста на Балканот бара нови избори во Македонија што е можно побрзо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обраќањата пред Kонгресот на ЕПП каде присуствуваат шефови на влади и држави, меѓу кои челниците на Европската Унија, германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Маријано Рахој и други европски политичари, премиерот на Унгарија Виктор Орбан испрати порака дека потребна е стабилност на Балканот и во Македонија, а таа не е можна без Груевски, и прати порака дека излезот се брзи избори што преставува стратешки интерес на Унијата.

viktor-orban

-Ако милиони мигранти почнат да маршираат на Балканот повторно невозможно е да се одржи стабилност. Македонија не може да биде стабилна без партијата на Груевски. Стабилноста на Балканот бара нови избори во Македонија што е можно побрзо. Ја поздравувам резолуцијата за понатамошно проширување на Европската Унија, и клучно е за стабилноста започнување на преговори со Македонија, изјави Орбан.

Порака на подршка во име на Европската Народна партија испрати и словечекиот лидер Јанез Јанша.

-Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги подржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левицичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија” изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската Народна Партија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This