Орбан: ЕУ мора да сфати дека Србија е клучот за стабилноста на Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија е клучот за стабилноста на Западен Балкан, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во четвртокот во Белград.

„Секој регион има централна земја. Имавме земја што беше клучна за време на интеграцијата – тоа беше Полска. Затоа ја поддржувам Србија и нејзиното членство во ЕУ, бидејќи дупката на Западен Балкан стои зад неа“, им рече Орбан на новинарите по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Сè додека Србија не е интегрирана, Западен Балкан нема да биде интегриран. Србија е клучна земја и ЕУ мора да го сфати тоа“, додаде Орбан.

Стабилноста на регионот не е само економско и политичко прашање, туку и прашање на кохабитација, додаде унгарскиот премиер.

„Секој може да напише биографија, но бројките не лажат. И ако ги погледнете бројките на Србија од изминатите седум години, секој може да види дека таму се формира успешна приказна“, изјави премиерот.

Унгарскиот премиер исто така рече дека со опаѓање на пандемијата, ова ќе ја врати миграцијата во фокусот.

„Опасност тропа – масовна миграција. Уште еднаш ќе го имаме добро познатиот проблем. Ако ги следите вестите од Авганистан, веќе има стотици илјади луѓе што ја напуштаат таа земја, поради драматичната промена на ситуацијата. Тие непречено ја достигнуваат Турција и Балканот е следниот чекор“, предупреди Орбан.

По состанокот меѓу Орбан и Вучиќ, на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, му беше врачен Орденот на српското знаме, за „посебни заслуги во развојот и зајакнувањето на соработката и пријателството меѓу Србија и Унгарија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This