ОРБАН НЕ ГО ПОДДРЖУВА БУЏЕТОТ НА ЕУ: Мигрантите не треба да добијат ниту цент, смета унгарскиот премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека не го поддржува предложениот буџет на Европската унија, кој предвидува намалување на парите за земјоделците, истражување и регионален развој и зголемување на средствата за земјите кои прифаќаат мигранти.

Орбан во интервју за државната радио соопшти дека се очекува дека преговорите за буџетот на ЕУ ќе бидат долги и истакна дека заедничкиот седумгодишен буџет мора да биде донесен едногласно.

“Додека Унгарците не дадат зелено светло, нема да има буџет”, вели Орбан.

Тој додаде дека на мигрантите не треба да им се дава “ниту еден цент”, а релевантната поддршка треба да ја обезбедат членките од сопствените буџети.

Орбан, исто така, објави назначување на тројца вицепремиери, од кои еден ќе биде министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер.

Тој, како што кажа, ќе биде задолжен за нова централизирана канцеларија која ќе функционира и како единствена разузнавачка служба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This