ОРБАН „ПРЕГАЗИ“ НА ИЗБОРИТЕ: Огромна победа за Виктор Орбан и неговата Фидез на изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан успеа да обезбеди огромна победа за неговата ФИДЕЗ партија на изборите кои се одржаа вчера, со максимално двотретинско мнозинство во Унгарскиот Парламент

Резултатот му обезбедува нов мандат на Орбан, кој е трет во низа, и уште посилна платформа за исполнување на платформата за „нелиберална демократија“, која вклучува и анти-мигрантска политика, стриктни закони за НВО секторот и силно противење кон поголема ЕУ интеграција.

По силната кампања, Фидез се очекува да освои 133 од вкупно 199 места во Парламентот, според првичните резултати, со повеќе од 90% од изброени гласови. Такво двотрениско мнозинство ќе овозможи неговата партија да го смени Уставот по потреба, без да бара согласност од опозицијата.

Ова е значително подобар резултат од претходните избори во 2014 кога Орбан освои 44%, наспроти сегашните 49%.

„Им честитам на гласачите“ рече Орбан во краткиот говор, додавајќи дека „во времиња како ова е подобро да се биде скромен“.

„Голема битка е позади нас“, изјави премиерот, кој е на власт од 2010 година, а претходно од 1998 до 2002. година. Тој објасни дека победата е можност да „се одбрани Унгарија.

Втората најголема партија ќе биде радикално десничарксата Јоббик, со 26 места во парламентот.

Следи коалицијата на социјалистите и партијата Дијалог за Унгарија со скоро 12 отсто од гласовите, ЛМП со 6,47 отсто и ДК со 5,32 отсто од гласовите.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This