April 20, 2024, 12:34 pm

ОРБАН РАЗМИСЛУВА ДА ЈА ИЗВАДИ УНГАРИЈА ОД ЕУ: Европскиот парламент гласа за одземање на правото на глас на Унгарија, Орбан размислува на напуштање на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер им порача на пратениците на ЕУ дека дејствата на Брисел против Будимпешта “го нарушуваат договорот на ЕУ”. Виктор Орбан се соочува со притисок да ги исправи или укине мерките кои ги поткопаа “темелните вредности” на ЕУ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во вторникот во своето обраќање му порача на Европскиот парламент дека потенцијалните дисциплински мерки против неговата земја се “морална одлука” на ЕУ а всушност позади тоа се крие “злоупотреба на власта”.

Под притисок на Комисијата на Европската унија, Орбан се соочува со гласање од кое Унгарија би можелаги изгуби своите гласачки права во блокот за намалување на демократијата и клучните вредности на ЕУ.

Може ли Унгарија да ги загуби своите гласачки права во ЕУ?

Орбан рече:

“Јас стојам пред вас и ја бранам мојата земја, бидејќи, за Унгарците, слободата на независноста на демократијата и Европа се работи за чест”.
“Она што го правите тука е шлаканица во лицето на Унијата”
“Ние ја браневме Унгарија и ја браневме Европа”.
“Имаме поинаква слика за природата на христијанството во Европа и за улогата на народите и културите во нашата земја”.

Во низата обвинувања кон Орбан и неговото владеење дел од европратениците ги истакнаа следните ставови:

Јудит Саргентини, кој ја започна дебатата за санкционирање на Унгарија според член 7 од договорот на ЕУ, рече дека Орбан ја оркестрирал “структурната ерозија на владеењето на правото”.

Франс Тимерманс, прв потпретседател на Комисијата на ЕУ, рече дека “граѓанското општество е само ткаенина на демократското општество и е загрозено од мерките преземени од страна на унгарската влада”.

Манфред Вебер, германскиот водач на конзервативците на парламентот на ЕУ, кој ја најави неговата намера да ја предводи Комисијата на ЕУ, рече дека Унгарија мора да одлучи “помеѓу национализмот и Европа”.

Единствен кој застана на во одбрана на Орбан за чудо на сите беше екс шефот на екстремно десничарската партија за независност на Велика Британија кој го повика Орбан да го следи примерот на Британија со Брексит

Најџел Фараџ, поранешен шеф на екстремно десничарската партија за независност на Велика Британија (УКИП), кој ја предводеше кампањата “Не” за гласањето на Брекит, го бранеше Орбан, велејќи дека “барем еден политичар од ЕУ е подготвен да се залага за своите принципи”. Тој го повикал “да се приклучи на Брексит клубот”.

Според Членот 7 од Договорот за ЕУ ​​дозволува суспендирање на одредени права на земја-членка ако “постои јасен ризик за сериозно прекршување од вредностите наведени во член 2 од земја-членка”. Овие вредности ги содржат “човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата”.

Европскиот парламент во средата ќе гласа дали да препорача дисциплински мерки против Унгарија според член 7 со што би и се одземал правото на глас во парламентот на Европската Унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This