ОРБАН: Само ако не ни ја наметнуваат исламизацијата, Европа може да продолжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека распадот на Европската унија не може да се исклучи ако еден дел од блокот се обиде да му наметне промигрантска политика на друг дел. Цитиран на веб-страницата на унгарската влада, Орбан рече дека може да ја види опасноста од поделби во рамките на ЕУ.

Ако нè остават намира и не ни ја наметнуваат исламизацијата, Европа може да продолжи да живее како клуб на слободни нации, рече Орбан, но додаде дека ако Брисел ја принуди Унгарија да го прифати пактот за миграција на ОН или одлуките на Европската комисија, распадот на ЕУ е секако можен.


Во средата Орбан ги поздрави неодамнешните предлози на францускиот претседател Емануел Макрон за потребните реформи на ЕУ и рече дека тоа би можело да биде почеток на сериозна дебата за иднината на Европа.

Орбан рече дека предлогот на Макрон за реформа на политиките за Шенген зоната и за воспоставување на заеднички гранични сили и Канцеларија за азил во ЕУ се неопходни – но дали визиите на Макрон и Орбан ќе се усогласат во реалноста е друго прашање.

Орбан постојано доаѓа во судир со ЕУ поради неговата неподготвеност да ги отвори границите на Унгарија за бегалците, нарекувајќи ги “муслимански натpапници” и велејќи дека ниту една земја не треба да биде принудена да усвои наметнати миграциски политики или да се придржува на квотите воведени во Брисел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This