ОРБАН СЕ ВРТИ КОН КИНА: Виктор Обран го одби барањето на САД да го зголеми притисокот врз Кина и Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кон крајот на јануари унгарскиот лидер Виктор Обран го одби барањето на САД да го зголеми притисокот врз Кина и Русија. Односите со истокот се препка во Вишеградската група, чиј член е и Унгарија.

Во Вишеградската група нема едногласност ни кога се работи за Русија.

Според зборовите на унгарскиот политички аналитичар Габор Штир, во последните неколку години Будимпешта се обидува да води независна политика, а тоа на многумина не им се допадна.

„Унгарија нема да се меша во кавгите на велесилите и не сака да гради однос со Кина и Русија по мерка на Вашингтон. На Обран му е јасно дека надворешната политика е секогаш голем ризик, но сака Унгарија да биде што понезависна во политичка смисла.“, вели Штир за Спутник.

Од друга страна, Александар Стикалин, соработник во Институтот за словенски студии во Руската академија на науките, мисли дека изјавата на Обран не е ништо ново.

Дека Обран игра како што свири Русија не е точно. Но сепак Обран мора да биде внимателен кога се обидува да спроведува политика независна од Русија, бидејќи неговата земја во голема мера се ослонува на руските енергетски извори.

Унгарија се обидува да ја зачува својата независност и покрај тоа што се наоѓа под притисок и од Вашингтон и од ЕУ да ја намали комуникацијата со „непожелните земји“.

За разлика од Полска и Чешка, Унгарија не се впушти во ловот на кинеските шпиони, односно кампањњата против компанијата „Хуавеи“. Кина во Унгарија има вложено милијарди долари и има отворено преку 10 000 работни места. Кина исто така планира и да изгради 5Г мрежа во оваа земја.

Сепак Штир смета дека најважен економски партнер на Унгарија е Европската Унија. „Ние пред се зависиме од Германија. Без нивните инвестиции за АУДИ, Мерцедес и БМВ“, би дошло до стагнација на БДП“

Една од почуствителните теми за Унгарија е прашањето за нејзините државјани во Украина. Штир смета дека Киев не презема ништо за да ги заштити нивните права, и не се очекува некаков напредок на тоа поле.

„Унгарија чека да види како Украина ќе го реши тоа прашање. Но нема да отстапиме од нашите ставови во однос на одбраната на националните интереси на земјата.“ рече аналитичарот.

Сепак Унгарија не е против влегувањето на Украина во НАТО.

„Да постоеја некои други начини да се спречи кршењето на правата на унгарците и другите малцинства во Украина, Унгарија не би и стоела на патот на земјата кон НАТО.Се надеваме дека САД ке ја притиснат Украина да ги прифати европските вредности“, вели унгарскиот аналитичар и додава дека и покрај несогласувањето на СА и Унгарија по прашањата за Кина и Русија за време на мандатот на Трамп, сепак нивните односи се подобрени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This